декември 12, 2025
ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија, во периодот од 1-7 декември 2025 година согласно календарот на традиционални активности ja одбележа Неделата на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Едуцирај се, превенирај ХИВ/СИДА”.
Преку медиумите беа пласирани медиумски информативни пораки за заштита од ХИВ/СИДА. Пораките имаа за цел да ја подигнат свеста кај јавноста за важноста од превенција, навремено тестирање и информирање.
Информативните пораки придонесоа за зголемување на информираноста во заедницата и ја засилија визијата ека превенцијата, образованието и солидарноста се најважните чекори во борбата против ХИВ/СИДА.


