
март 25, 2025
СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗА – 24 МАРТ
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија на ден 24.03.2025 година го одбележа Светскиот ден на борба против туберкулоза.
Приклучувајќи се кон глобалната иницијатива во рамки на активностите Општинската организација на Црвен крст Гевгелија реализираше едукативна работилница за подигање на свеста за борбата против туберкулозата и катастрофалните здравствени, социјални и економски влијанија на заболувањето. Работилницата беше спроведена на ден 24.03.2025 година во просториите на ООЦК Гевгелија со учество на 17 учесници на различна возраст – ученици од ООУ “Владо Кантарџиев” и пензионери од Клубот на пензионери – Гевгелија.

